Фикус и ичебана

Фикус и ичебана

604
SHARE
Бранко Героски
Бранко Героски

Туку, кај има некое радио, да им нарачам една песна на овие што паѓаат, а им расте? Да ги развеселам, де. Дајте ја онаа… Que sera sera. Или, по прилепски – че се расера!

Пишува Бранко Героски

Единствено релевантен резултат од последната анкетата на ИРИ, чиишто резултати ги лиферуваше Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов, е следниов – 50 отсто од испитаниците сметаат дека претседателот Иванов треба да го додели мандатот на лидерот на партијата што ја има поддршката од мнозинството пратеници во Собранието, наспроти 22 отсто што сметаат дека тоа не треба да го стори.

Сè друго е лук и вода. Макало…

Анкетата на ИРИ, со сите дополнителни „украсни“ елементи, всушност е една голема ичебана (и ова по прилепски), во која фикусот треба да се чувствува освежен и пркнат, за комотно да го направи неопходниот чекор, што ќе се случи денес точно на пладне – да му го предаде мандатот на Зоран Заев.

Претходно, американскиот дипломат Хојт Ји, испрати уште една порака дека верува дека претседателот Ѓорге Иванов ќе ја направи „вистинската работа“. „Претседателот – рекол Брус Ли – со кого се сретнав и остварив многу добар разговор, ги разбира нашите очекувања“. Да бе, кога си му влегол со нунчаки…

Е сега, рицарска традиција е кога ќе се порази противникот, сепак да не се понижи. Затоа анкетата на ИРИ покажува дека на сите од режимот во заминување им расте рејтингот – и на фикусот, и на партијата ДРПМНЕ, и на лидерот Груевски. Сите паѓаат, сите на Кардиологија, ама важно им расте. Рејтингот. Вмровските „аналитичари“ ги тешат – ако ништо не се промени, резултатите на анкетата покажуваат дека ќе ги добиете изборите и ќе се вратите на власт.

Ако, ако… Ништо нема да се промени. Ама баш ништо нема да се промени. Хахахахахах! Сипај, Владо, вода во тоа ичебаната!

Туку, кај има некое радио, да им нарачам една песна на овие што паѓаат, а им расте? Да ги развеселам, де. Дајте ја онаа… Que sera sera. Или, по прилепски – че се расера!

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY

nineteen + 4 =