Есента на патријархот Груевски

Есента на патријархот Груевски

411
SHARE
Злате Лозановски
Злате Лозановски

Таква е есента и на нашиот патријарх, тој симбол на корупцијата, на злото, на омразата и на општествената катастрофа што ја носи неограничената власт на поединецот.

Пишува Злате Лозановски

Беше премал за да се справи – контролира, прикрие, ублажи – со големиот пораз. Тој избиваше од неговиот поглед, му течеше низ ногавици, му се исцртуваше на лицето, се искажуваше низ секој збор кога конечно, по којзнае колку време, реши да се појави и да ги прокоментира резултатите од локалните избори. Првите што ги губи по единаесет години владеење и по речиси исто толку изборни победи. Но, клучниот негов проблем не е фактот што ги изгуби локалните, туку поразителното сознание дека за него веќе нема избор. Освен „изборите“ што му се нудат до деветтиот круг.

„Ќе се анализираат сите аспекти на денешните резултати, со цел да се утврди покрај сите масовни нерегуларности, што друго од нашата страна беше недоволно добро или погрешно направено поради што не добивме подобар резултат на овие избори. Јас како претседател на партијата секако имам највисока одговорност за изборните резултати“. Го кажа тоа, иако знае, и без анализи, дека од негова страна сè беше погрешно направено. Тој не е ни деловно, ни политички, ни здравствено способен да го признае тоа, па се очекува, евентуално, одговорноста да ја претстави во трето лице множина („што друго од наша страна беше недоволно добро или погрешно“). Но, сега тоа е само граматички проблем; во практика тој е најосамениот, најнапуштениот на светот. Тоа е очигледно. Веројатно веќе не верува во никого (и обратно) и во ништо, дури ни во сопствените зборови, без разлика колку се вистинити. Дека, „народот знае да цени и да носи мудри одлуки“, на пример.

Но, таков е падот, крајот на диктаторите, на тираните, таква е есента на сите патријарси, па и на нашиот. Тој симбол на корупцијата, на злото, на омразата и на општествената катастрофа што ја носи неограничената власт на поединецот.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY