За 200 денари тинејџер бил нападнат со нож во Градски парк

За 200 денари тинејџер бил нападнат со нож во Градски парк

102
SHARE

Петнаесетгодишно момче од Скопје за 200 денари и јакна, вчера во парк било нападнато со нож од двајца насилници.

Како што соопшти МВР во полиција било пријавено дека кај фонтаната во Градски парк, две непознати лица со закана со нож извршиле разбојништво над малолетник при што му ја одзеле јакната и 200 денари.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување на настанот.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY