Во тетовско гостиварското подрачје над 20 несреќни случаи и несреќи при работа

Во тетовско гостиварското подрачје над 20 несреќни случаи и несреќи при работа

105
SHARE

Шеснаесет несреќни случаи со една човечка жртва и со десетина потешко и полесно повредени лица, како и осум несреќи при работа исто така со едно загинато и повеќе повредени лица се случиле на тетовско гостиварското подрачје во првите девет месеци од оваа година, информира портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

За минатата година имало 22 вакви случаи со шест загинати лица покажува полициската статистика.

– Најчеста причина за несреќите при работа и натаму е невнимателно однесување на поединци кои извршувале пред се најрзлични градежни или занаетчиски работи, но и некористење на соодветна заштитна опрема и непридржување на основните норми, стандарди и критериуми од областа на работната заштита. Невниманието е причина број еден и за несреќните случаи потоа следува љубопитноста, опасните детски игри, технички недостатоци на објекти, инсталации и опрема и слично, рече Јосифовски.

Тој уште еднаш го повтори апелот посебно до градежниците, оџачарите и сите други кои работат на отворен простор или на покриви од повисоки објекти да бидат максимално внимателни и оти задолжително треба да поседуваат квалитетна заштитна опрема, додека оние кои ракуваат со електрични и други машини да бидат соодветно обучени за тоа.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY