Во сообраќајка кај Куманово повредени 14 лица

Во сообраќајка кај Куманово повредени 14 лица

263
SHARE

На 16.07.2017 година околу 17,10 часот на клучката од автопатот ГП Табановце-Куманово и магистрален пат Куманово-Крива Паланка, се случила сообраќајна незгода помеѓу: патничко моторно возило “Ренџ Ровер“ со албански регистарски ознаки управувано од М.М. од Р.Албанија, со сопатници Л.М.(46), А.Ѓ.(47) и А.А.(48) сите од Р. Албанија, автобус “МАН Р08“ со гостиварски регистарски ознаки управувано од Е.И.(40) во кој се превезувале 56 патници и патничко моторно возило “Рено Лагуна“ со штипски регистарски ознаки управувано од Д.М.(38) од Пробиштип. Од незгодата, со тешки телесни повреди се здобиле возачот на патничкото моторно возило “Ренџ Ровер“ М.М. и сопатникот Л.М., кои по укажаната лекарска помош во Општа болница Куманово, се пренесени во Ургентен центар Скопје. Со телесни повреди се здобиле 12 лица, на кои им била укажана лекарска помош во Општа болница Куманово. Увид на лице место извршиле Јавен обвинител, во содејство на увидна екипа од СВР-Куманово.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY