Скопјани се степале за паркинг место

Фото: Слободен печат/ Д. Митрески

Министерството за внатрешни работи (МВР) информираше дека двајца скопјани синоќа физички се пресметале поради претходно недоразбирање за паркинг место.

Како што е наведено во полицискиот билтен, 46-годишниот Г.В. и 56-годишниот Р.К. од Скопје, си ги одмериле силите на паркинг на улицата Венјамин Мачурковски во Општина Аеродром.

Од МВР велат дека случајот бил пријавен синоќа во 21.30 часот и направени биле записници за контатиран прекршок по член 11 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот