МВР: Двајца полицајци повредени во спречување на тепачка по кошаркарскиот натпревар меѓу...

МВР: Двајца полицајци повредени во спречување на тепачка по кошаркарскиот натпревар меѓу Шкупи и Пелистер во Чаир

77
SHARE
Фото: tv21.tv

„На 13.01.2018 година во 19,20 часот, во Скопје, во спортската сала „Шабан Трстена“  во која се одржувал кошаркарски натпревар меѓу кошаркарскиот клуб „Шкупи“ и кошаркарскиот клуб „Пелистер“, по завршување на натпреварот, од трибините каде што биле навивачите на домашниот клуб, била фрлена петарда кон клупата каде што седеле играчите на кошаркарскиот клуб „Пелистер“, кои потоа возвратиле со фрлање пластично шише полно со вода кон навивачите на кошаркарскиот клуб „Шкупи“. Потоа навивачите на кошаркарскиот клуб „Шкупи“ ја прескокнале оградата од трибината и нападнале неколку играчи  од КК „Пелистер“. Со повреди се здобиле техничкиот раководител на клубот и еден од играчите. При интервенцијата за спречување на насилството, повредени се  двајца униформирани полициски службеници. Веднаш бил известен Јавен обвинител. Се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот, се вели во соопштението на МВР.

 

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY