Времето денес променливо облачно, од утре следува стабилизирање

Времето денес променливо облачно, од утре следува стабилизирање

73
SHARE

Времето денеска ќе биде променливо облачно и свежо време ќе преовладува во Македонија. Претпладне во јужните делови се уште ќе има локален дожд. Во текот на денот ќе дува умерен до засилен северен и североисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 18 Целзиусови степени, а максималната од 19 до 26 Целзиусови степени. УВ индексот ќе биде 6.

Во Скопје и околината ќе биде променливо облачно со умерен повремено засилен северен ветер и температурата до 24 Целзиусови степени.

Од вторник следува период на стабилно време со пораст на дневната температура, која во деновите од викендот на места ќе го надмине 35-тиот степен, а УВ индексот повторно ќе има многу висока вредност 9.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY

7 + 2 =