УХРМ: Дождот во следните денови ќе го зголеми водостојот на реките

УХРМ: Дождот во следните денови ќе го зголеми водостојот на реките

137
SHARE

Врнежите дожд кои во следните две дена наместа се очекува да достигнат и над 70 литри на метар квадратен ќе предизвикаат зголемување на водостоите на реките кои сега уште се под просекот за ноември.

Од УХРМ информираат дека зголемување на водостојот се очекува на сите водотеци низ земјава, особено кај помалите водотеци со мали сливни површини кај кои побрзо се формира истекувањето.

– Доколку се остварат прогнозите и на места заврнат над 70 л/м2 можно е да дојде до значително зголемување на водостојот и полнење на коритата на помалите реки, а на некои места можно е да има и локални излевања, пред се на малите водотеци. Кај големите реки со големи сливни површини се очекува зголемување на нивниот водостој, но тие би имале доволно голем капацитет да ги примат овие врнежи без можност за нивно излевање, велат од УХРМ.

Оттаму предупредуваат на внимателно движење покрај водотеците, особено покрај помалите, и будно следење на состојбата во следните денови.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY