Царовска на средба со штипските стечајни работници

Царовска на средба со штипските стечајни работници

202
SHARE

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска вечерва оствари средба со стечајните работници во Штип. Таа истакна дека сите стечајни работници кои ги исполнуваат условите согласно Законот за стечајни работници веднаш ќе го добијат месечниот паричен надоместок, но, додаде, има и одреден број стечајци кои не ги исполнуваат условите.

– Но, ние стоиме на располагање како Влада целосно да го затвориме прашањето на стечајците, токму затоа сме подготвени по поминувањето на рокот на овој закон да донесеме нов, втор закон кој што ќе ги опфати сите, за конечно да го затвориме ова прашање – рече Царовска.

Министерката за труд и социјална политика детално ги информираше стечајните работници кои се критериумите на новиот закон за стечајни работници.

Во Штип на списокот на Здружението „Унит“ има евидентирано над 500 стечајни работници, кои деновиве ги доставуваат и документите до Центарот за вработување за добивање редовен месечен паричен надоместок до нивно пензионирање.
(МИА)

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY