Почна изградбата на јавни тоалети на две локации во Охрид

Почна изградбата на јавни тоалети на две локации во Охрид

88
SHARE

Едниот ќе биде во централното градско подрачје, до амамот, а другиот – кај Горна Порта.

 

Почнаа градежните работи за поставување јавни тоалети на две локации во Охрид, јави ТВМ. Едната е во централното градско подрачје, до амамот, а другата кај Горна Порта. Избраниот изведувач, фирмата „Тане 2007“, заедно со претставници од Центарот за развој на Југозападниот плански регион, кои се носители на овој проект, деновиве извршиле увид на сите потребни инфраструктурни услови. Општината е ангажирана околу обезбедување приклучоци за струја, поставување броила, приклучок за вода и канализација.
– Локациите се избрани како најфреквентни, бидејќи многу туристи поминуваат токму таму – вели Томе Џамтоски, портпарол на локалната самоуправа.

Јавниот тоалет кај трговскиот центар „Амам“ ќе има три тоалети – за мажи, за жени и за лица со посебни потреби, а тој кај Горна Порта ќе биде со два – за мажи и жени, кој ќе биде прилагоден и за лица со посебни потреби. За одржување на тоалетите, според првичните најави, најверојатно ќе се грижи јавното комунално претпријатие.

Парите, околу 15.000 евра, се обезбедени преку националниот буџет од програмите за рамномерен регионален развој на Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој. Сите активности околу обезбедувањето на услови, изработка, опремување и монтажа на санитарните контејнери треба да бидат завршени до крајот на годинава.
Вакви тоалети, освен во Охрид, ќе бидат монтирани и во Вевчани и во Центар Жупа.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY