Објектот на Филхармонија нема употребна дозвола

Објектот на Филхармонија нема употребна дозвола

277
SHARE

И по свеченото отворање на 22 мај, објектот на Македонската филхармонија уште нема употребна дозвола.

Од Министерството за транспорт и врски во јуни го одбиле барањето на Министерството за култура за издавање на дозвола за употреба, поради некомплетна документација, но никој не знае на кој датум истото било испратено и доставено.

Новата концертна сезона на Филхармонија започнува на 21 септември, но не се знае дали концертот ќе се одржи во новиот објект или пак, како и досега, во салата во Домот на АРМ.

Според Министерството за транспорт и врски, сè додека не биде доставена комплетна документација и да се издаде одобрение за употреба, објектот се води дека е во изградба.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY