Новинарите за истражувачки цели ќе може да добијат податоци од Централен регистер

Новинарите за истражувачки цели ќе може да добијат податоци од Централен регистер

97
SHARE

Со одлука на Владата, новинарите ќе можат да добијат бесплатни информации од Централниот регистер, но ќе мора да наведат за какви истражувачки цели работат.

Новинарите нема да треба да ја кажат целосно темата која ја работат, туку само да дадат генерални насоки за истата.

Централниот регистер и Катастарот треба да назначат дека податоците се во функција на истражувањето и дека не треба да се злоупотребат за други цели.

Досега, истражувачите кои барале вакви податоци за истите требало да платат многу пари, на пример 1200 денари за увид во историјат на фирма или за пристап до парцела во Катастар уплаќале по 700 денари.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY

seven + nine =