Мировиќ-Јовановска Типко: Има можност за јакнење на соработката меѓу Војводина и Македонија

Мировиќ-Јовановска Типко: Има можност за јакнење на соработката меѓу Војводина и Македонија

97
SHARE

Меѓу Војводина и Македонија постои простор за јакнење на соработката на полето на стопанството, културата и афирмацијата на националните малцинства, констатираа на денешната средба во Нови Сад претседателот на покраинската Влада на Војводина Игор Мировиќ и македонската амбасадорка во Република Србија Вера Јовановска Типко.

На средбата е истакнато дека од взаемен интерес е унапредувањето на економските односи, преку поврзувањето на стопанските комори и кластери на полето на земјоделието, прехранбената и металската индустрија.

– Можности за соработка и заеднички иницијативи меѓу Војводина и Македонија постојат и преку поврзувањето на научно-технолошките институции, универзитетите и во туризмот, заклучија двајцата соговорници.

Покраинскиот претседател Игор Мировиќ и македонската амбасадорка Јовановска Типко се согласија дека во заеднички интерес е афирмацијата на положбата на македонското национално малцинство во Војводина и на српското малцинство во Македонија, преку подршка на проекти за зачувување на културата и на идентитетот.

На средбата е оценето и дека преку соработката на локалните и регионалните власти, преку развојните и регионалните агенции, заеднички може да се аплицира за средства од предпристапните фондови на ЕУ.

Македонската амбасадорка Јовановска Типко денеска оствари средба и со градоначалникот на Нови Сад Милош Вучевиќ, на која е разговарано за можностите за стопанската соработка, на полето на туризмот и образованието, а особено за вклучувањето на културните институции од македонските градови во проектот „Нови Сад 2021 Европска престолнина на културата“.

Во таа насока разговарано е за воспоставување потесна соработка помеѓу Нови Сад и одреден град од Р. Македонија со слични карактеристики на Нови Сад, како Охрид, Битола или Куманово.

На средбата е истакната соработката и активноста на македонското Здружение „Кирил и Методиј“ од Нови Сад.

Соговорниците се согласиле дека за поблиска соработка од голема важност се здруженијата на националните заедници, како што е Здружението на македонското национално малцинство „Кирил и Методиј“ од Нови Сад, како и дека меѓународната соработка е најпродуктивна на локално ниво бидејќи дава најбрзи конкретни резултати, но оти и во таа мисла од исклучителна важност се културната и стопанската размена, и поврзување на универзитетите.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY