Индија: Извршена операција на срце на најмалото бебе, тешко 500 грама

Индија: Извршена операција на срце на најмалото бебе, тешко 500 грама

387
SHARE
Фото - Профимедиа

На новороденче од Индија, кое се родило предвреме и тежело само 470 грама, му е извршена операција на срце. Ова е најмалото бебе во свет на кое му е направена ваква хируршка интервенција.

Машкото бебе било родено во 28-та недела во болница во Удајпур. Веднаш по породувањето, бебето имало проблеми со дишењето и било префрлено на интензивна нега. Очите не му биле отворени, белите дробови не биле доволно развиени, а кожата му изгледала како да е од пергамент.

И покрај тоа, лекарите биле приморани да ја извршат ризичната операција на раздвојување на аортата и белодробната артерија.

– Обично остануваат споени се додека фетусот е во утробата на мајката и автоматски се раздвојуваат по раѓањето. Доколку тоа не се случи, се применува терапија со лекови. Во овој случај, бидејќи бебето не реагираше на лековите, операцијата на срце беше последна шанса – изјавил неонатологот Сунил Џангид.

Лекарите посочиле дека операцијата била многу тешка затоа што бебето е многу кревко. При зафатот, хирурзите користеле многу мали инструменти и сите биле пресреќни кога бебето преживеало.

Родителите, кои бебето го добиле по пат на инвитро оплодување, велат дека е чудо што нивното дете преживеало.

– Толку е храбар што преживеа, иако е многу мал. Нашите молитви се услишени – изјавил таткото С. П. Џаин.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY