Граѓаните должат кај банките 2,1 милијарди евра во кредити

Граѓаните должат кај банките 2,1 милијарди евра во кредити

43
SHARE

Фирмите и населението лани повеќе се задложувале кај банките, покажува последниот извештај на Народната банка (НБРМ).

НБРМ оцени дека кредитните текови во последниот квартал ги надминаа очекувањата, со што и годишната стапка на раст на кредитите од 6,6 отсто е над проектираната.

И во ноември, вкупните кредити на годишна основа се повисоки за 1,3 отсто и се над проекцијата за последниот квартал на НБРМ.

Заклучно со единаесеттиот месец од 2016 година, кредитната задолженост на фирмите изнесувала 2,3 милијарди евра, додека граѓаните по сите основи на банките должеле скоро 2,1 милијарди евра. Најголем дел од овој долг на граѓаните отпаѓа на потрошувачките кредити.

Лани најатрактивни биле потрошувачките и станбените кредити. Според податоците на НБРМ кај потрошувачките и станбените кредити во ноември е остварен месечен раст од 1 отсто и 0,9 отсто. На годишно ниво растот изнесува 14, 2 отсто.

По основ на потрошувачки кредити во ноември населението должело 1 милијарда евра а по основ на станбени кредити повеќе 551 милион евра.

Анализата на Централната банка покажува дека во однос на кредитите има намалување кај автомобилските кредити, и по овој основ вкупната кредитна задолженост на граѓаните изнесува околу 5 милиони евра.

Годишниот раст на вкупните кредити, во најголем дел произлегува од растот на денарските кредити и денарските кредити со валутна клаузула, додека придонесот на девизните кредити се намали.

Во валутната структура, со 3,3 милијарди евра доминаираат денарските кредити а скоро 800 милиони евра се кредити со девизна клаузула.

Во ноември, вкупната кредитна изложеност на банките изнесувала 4,4 милијарди евра и во споредба со јануари, 2016 година има намалување за 25,8 милиони евра. На годишно ниво е регистриран пораст.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY

8 − 7 =