Дванаесети училишните спортски лиги во Гази Баба

Дванаесети училишните спортски лиги во Гази Баба

36
SHARE

Во Општина Гази Баба денеска започнаа дванаесетите училишните спортски лиги 2017/2018 во мал фудбал, кошарка, одбојка, ракомет, пинг понг, атлетика, шах, тенис и крос, во организација на Сојузот за училишен спорт Гази Баба и општината.

На отворањето на спортските лиги во сала Методија Андонов – Ченто, во населбата Маџари, градоначалникот на општина Гази Баба Борис Георгиевски.

– Вклучувањето на младите во спортот и спортските активности придонесува за изградбата на здрави личности. Само физички активната младина може вистински да го развива својот интелектуален потенцијал и да гради силна волја и јак морален дух, истакна Георгиевски.

Порача дека спортот и физичките активности се важни за здравјето на младите, што им помага во процесот на совладување на наставните содржини, во напорната работа, во секојдневните предизивици, како и во постигнувањето на успехот на повеќе полиња.

На територија на општина Гази Баба ќе бидат опфатени околу 1.500 ученици во овие лиги. Целта е да се мотивираат повеќе ученици да спортуваат, да се рекреираат и да другаруваат.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY