Доматите го спречуваат развојот на ракот на желудник

Доматите го спречуваат развојот на ракот на желудник

155
SHARE

Доматот може да го забави развојот на ракот на желудник, покажала новата студија. Овој зеленчук го спречува развојот на клетките на ракот, во што учествуваат многу негови состојки, а не само ликопенот, како што порано се мислело.

Водачот на студијата Даниела Бароне од Онколошкиот истражувачки центар „Меркогљиано“ во Италија вели дека тоа дејство не се однесува ниту на една состојка посебно, туку на целиот плод.

Истражувачите анализирале како екстрактот на целиот домат влијае на различните облици на ракот на желудник. Екстрактите се земени од вообичаените сорти во Италија како сан марцано и корбарино.

Резултатите покажале дека екстрактите влијаат на способноста на ширењето и развојот на клетките на ракот и на нивното уништување.

Ваквите откритија имаат примена не само во превенцијата, туку и во пронаоѓањето на нови лекови, велат истражувачите.

Подготви: К. А.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY

1 × 4 =