ДОМ: Парламентарното мнозинство поднесе Закон за урбано зеленило

ДОМ: Парламентарното мнозинство поднесе Закон за урбано зеленило

172
SHARE

Пратеничките и пратениците од парламентарното мнозинство Лилјана Поповска, Маја Морачанин, Петре Шилегов, Стефан Богоев, Диме Велковски, Благој Бочварски и Ејуп Алими, денес поднесоа Предлог на закон за урбано зеленило до Собранието на Република Македонија. Пратениците Шилегов, Богоев и Бочварски се кандидати за градоначалници во Скопје, Карпош и Штип од коалицијата предводена од СДСМ.

Со овој закон ќе се воведе целосен систем за планирање, проектирање, подигање, одржување, заштита, реконструкција, финансирање и управување со зеленилото. Во законот стои обврска за изработка на зелен катастар на сите урбани површини, односно попис на целото зеленило по број, вид и состојба. Внесен е стандардот од 25 м2 по жител зелена површина на ниво на град, како и задолжителен процент зеленило на градежна парцела од најмалку 20%. Во веќе изградените блокови ќе се прави компензација со поставување дрвореди и зеленило во жардињери, на покриви и фасади. Предвидена е строга заштита на постојното зеленило, особено на капиталните примероци, независно од видот на сопственоста.

Предлогот на законот за урбано зеленило, ДОМ досега го поднесуваше трипати во Собранието, но, наместо закон за реална заштита на зеленилото, претходното парлемантарно мнозинство донесе т.н. „Закон за зеленило“, кој е само декларативен и без нормативи и мерки за заштита на зелените површини.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY