Доделена наградата „13 Ноември” за 2017 година

Доделена наградата „13 Ноември” за 2017 година

235
SHARE

Градоначалникот Петре Шилегов вечерва во МОБ ги врачи наградите „13 ноември“ што се доделуваат на физички и правни лица како знак на признание на Град Скопје за остварувања во стопанството, науката, уметноста, културата, воспитанието и образованието.

Според Одборот за доделување на наградата, годинашни добитници на „13 ноември“ се: во областа на науката Горан Кондов, специјалист-хирург по градна хирургија, и пензионираниот професор од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ Хаки Имери, во областа на образованието и воспитанието одделенскиот наставник во ОУ „Блаже Конески“ во Скопје Јадранка Клисарова, а во областа на културата и публицистиката романсиерот, поет и издавач Димитар Башевски и поетесата и романсиер Пунторие Муча – Зиба.

Во областа на уметноста наградата ја добија обоистот Васил Атанасов и ликовниот уметник Стефан Хаџи – Николов, во областа на здравствената заштита и хуманитарна активност кардиоваскуларниот хирург Жан Митрев и наставникот по физичко и здравствено образование во ОУ „Рајко Жинзифов“ – Чаир Раде Илиевски, додека во областа на спортот фудбалскиот работник Чедомир Јаневски и кајакарот Атанас Николовски.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY