Дизни сака да изгради Westworld за љубителите на Star Wars

Дизни сака да изгради Westworld за љубителите на Star Wars

73
SHARE

Дизни објави дека сака да изгради хотел во Орландо за љубителите на Star Wars, по примерот на Westworld од далечна галаксија.

Претседателот на Волт Дизни парк и ресортс, Боб Чапек го најави тоа овој викенд на D23 Експо, а хотелот според плановите би требало да се гради во 2019. година.

Како што е најавено, хотелот до детали ќе биде дизајниран по пример на Westworld, од дворот, лифтот, собите, а сите вработени ќе бидат во костуми на Star Wars како и гостите.

Хотелот единствено ќе има лажни прозорци со поглед на вселената, а Чапек истакна дека „секој прозорец ќе има поглед на вселената“.

Можеби најинтересна од сите е најавата дека секој гостин кој останува во хотелот веднаш ќе влезе во своја „приказна“ и ќе преземе „тајни мисии“. Гостите би можеле да имаат интерактивни искуства како дел од приказните.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY

15 + ten =