Чуварка во затвор осудена на робија, бидејќи имала афера со осуден убиец...

Чуварка во затвор осудена на робија, бидејќи имала афера со осуден убиец ФОТО

362
SHARE
Фејсбук

Киа Адрусјак (23) цели шест месеци била во врска со осудениот убиец Шон Бојд и тоа во периодот кога работела како чуварка во затворот во Манчестер. Забранетата љубов скапо ја чинела – Киа е осудена на осум месеци затвор, пишува српски „Блиц“.

Киа и нејзиниот љубовник Шон Бојд се запознале во затворската кантина. Како што пишува Дејли мејл“, романсата почнала откако тој и се насмевнал, а таа нему му одговорила исто така со насмевка. Љубовта пламнала, па дури за Божик вљубениот убиец од затворот организарал неговата сестра да и подари на Киа подарок кредитна картичка на која имало 150 евра кредит, за време на средбата во ресторанот „Нандо“.
Во текот на тајната романса зад решетките необичната двојка разменила повеќе од 600 пораки преку мобилниот телефон што на затворениците не им е дозволено да поседуваат. Сепак, осудениот убиец имал телефон којшто го криел под креветот па многу брзо почнале да се допишуваат.

Затворската управа добила три одвоени пријави за нивната врска во декември 2016 година. Тогаш било откриено дека Киа на својот љубовник му носела цигари и чоколади во чиишто пакувања скришно му ги давала своите фотографии.

Киа Адрусјак самата тврдела дека знаела дека врската е погрешна поради што барала преместување во друг затвор, а нејзините адвокати на судот се обиделе да докажат дека таа немала никаков бенефит од таа врска, дека таа се случила во тежок момент по неа и дека Киа планирала да ја прекине.

Најверојатно таа ќе ја служи затворската казна во затворот „Стајал вуман“, 16 километри од келијата на нејзиниот љубовник.

Бојд е на робија бидејќи во 2009 година избодел на смрт 16-годишна студентка по кратка расправија. Потоа го фрлил ножот и стоел пред вратата на куќата во која се одржувала забавата. Пред да се врати на забавата, бил зашеметен од ударот кој сам си го задал откако си искршил шише пиво од главата. Кога се вратил на забавата, по свирепото убиство на студентката, се фалел дека тој е „човекот“ и се заканувал дека ќе го убие секој којшто ќе го пријави во полиција.

Бојд право на условна слобода ќе стекне дури по 11 години.

 

Подготви: К. А.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY

18 + seventeen =