Анализи: Бројот на смртни случаи од Ковид-19 во САД може да биде над 220.000 во ноември

Мајами, Флорида, САД / / Фото: EPA-EFE/CRISTOBAL HERRERA

Податоците ги објави истражувачки тим на Универзитетот во Масачусетс во име на Центрите за контрола и спречување на болести (ЦДЦ).

Најновиот проект за моделирање го зголемува бројот на смртни случаи од Ковид-19 во САД, но истражувачки тим сугерира дека универзалната употреба на маски би можела да спаси 40.000 животи од сега до ноември.

Бројот на смртни случаи изнесува 136.000, но таа цифра во државата може да достигне 151.000 до 1 август и 157.000 до 8 август, според просекот на модели на 23 истражувачки групи во САД.

Податоците ги објави истражувачки тим на Универзитетот во Масачусетс во име на Центрите за контрола и спречување на болести (ЦДЦ).

Пред една недела, таа бројка од нив беше 147.000 смртни случаи на 1 август.

– Калифорнија, Флорида и Тексас, трите најнаселени држави во САД, ќе забележат илјада нови смртни случаи во текот на следните четири недели во споредба со претходните четири – рече професорот Николас Рајх.

Анализите на Универзитетот во Вашингтон одат понатаму и предвидуваат 224.000 смртни случаи на 1 ноември, но цифрата може да биде помала за околу 40.000 доколку 95 отсто од Американците не ги напуштаат домовите и носат заштитни маски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот